Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба. Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите.

Информацијата синоќа ја објави државниот суд во Њујорк.
На 16 февруари, Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „Трамп Организејшн“ и му изрече парична казна од околу 355 милиони долари. Покрај тоа, на републиканецот му беше забрането во период од три години „да работи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата“.
Трамп најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.
OhridNews











