Кривичниот совет на одделенито за организиран криминал и корупција при Основиот суд Скопје 1- Скопје ја прифати гаранцијата и им ја укина мерката притвор на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, а како мерка на претпазливост донесена е забрана за напуштање на живеалиштето односно градот Скопје и привремено одземање на нивните патни исправи.

-Советот, донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и определување мерки за претпазливост на обвинетите, се уважува, соопшти денеска Основиот суд Скопје 1- Скопје .

Одлуката на Кривичниот совет, стои во соопштението, во текот на денешниот ден ќе биде доставена до странките во постапката и Затворот Скопје.

Верушевски и Лазаревски беа во притвор како осомничени за случајот „Пуч“.

Нивната одбрана минатата недела побара ослободување од притвор со кауција, за што доби согласност од Специјалното јавно обвинителство кое го презеде и го води предметот „Пуч“.

OhridNews
Извор:„МИА“