Судот во Берлин донесе одлука со која главниот град во Германија ќе воведе забрана за возење на стари дизел возила на некои од патиштата.

Забраната се однесува за сите возила кои имаат Еуро 5 или постари норми. Најновиот најстрог стандард е Еуро 6.

Судската постапка ја покрена здружението за заштита на околината кое бара забрана за дизелаши со норма Еуро 4 до крајот на 2018 година, а на Еуро 5 до 2019 година.

Во Франкфурт истата забрана ќе стапи на сила во февруари 2019 година.