Судскиот процес за масакрот кај Младеновац започнува денеска во Белград
21.08.24 10:15
Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица.
Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом.
Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.