
Лазе Радески, е обвинет за убиство на Трајче Цоцески, извршено на 20 април оваа година, на Спиро Ставрески кој беше убиен на 8 февруари минатата година и на Раим Ракип кој исчезна во 2006 година, сите улични продавачи на девизи од Охрид. Радески во својот исказ пред судот го призна убиството над Цоцески, но негираше дека ги убил другите двајца дилери на девизи.












