Судскиот процес против албанскиот државјанин Сетмир Прој, обвинет за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа на 25 септември оваа година кај Буково, во која животот го загубија познатите охридски ди-џеи Влатко Пантоски-Пантер и Наумче Аврамоски – Бруце, ќе продолжи во среда со завршни зборови на одбраната и обвинителството.



На денешното рочиште беа изнесени дополнителните докази за несреќата, што ги побара јавното обвинителство.

Ohridnews