Судството нема капацитет да постапува по случаите за заштита на човековите права
18.04.11 00:05
Судството во државите од поранешна Југославија сеуште не е подготвено да постапува по случаите од областа на заштита на човековите права, поради што и натаму голем број предмети се испраќаат пред Меѓународниот суд во Стразбур, сметаат експертите. Најголемиот дел од нив се однесуваат на времетраењето на постапките пред националните судови, каде според експертите многу ретко се применува Европската конвенција за човековите права.
– Потребно е да постојат национални правосудни филтри за европскиот суд, односно судови на национално ниво кои ќе ги решаваат предметите пред тие да се испратат во Стразбур. Но проблем кој исто така треба да се решава е тоа што овие постапки се многу сложени и граѓаните многу малку ги познаваат, а услугите на адвокатите кои работат на случаите од областа на човековите права сеуште се многу скапи, што го доведува во прашење пристапот до правдата.-изјави за OhridNews, Милан Баиќ, регионален координатор на МУТКОР – организатор на натпревари за студентите од завршните години на правните факултети од областа на заштитата на човековите права.
Според експертите во последните години има одредено поместување во правосудството и адвокатурата, но за да се намали бројот на скапите случаи кои се решаваат во Стразбур потребно е да е подобрат капацитетите на националните судови.
– Сметам дека големиот број случаи од Балканот се решаваат пред судот во Стразбур бидејќи земјите од регионот сеуште го немаат напуштено системот изграден во комунизмот и немаат изградено нови административни капацитети од областа на правото. Но, за тоа е потребно е време. Вие сте на почеток од процесот низ кој веќе минаа земјите од Скандинавија и некои европски држави.-изјави шведскиот професор Уве Бринг – експерт за човекови права.
Експертите посочуваат дека земјите од регионот најмногу внимание треба да посветат на подобрување на образованието на студентите по право. За таа цел од 2006 година се организираат регионални натпревари на студентите од завршните години на правните факултети од областа на заштитата на човековите права за што е надлежен Меѓународниот суд во Стразбур. Домаќин на годинешниот тренинг натпревар изминатиот викенд беше Основниот суд во Охрид.
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во работна посета на Македонија Особено ми е ...
Во манастирот „Св Климент Охридски и св вмч Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид се одржи наречение на новоизбраниот архиереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј На Наречението чиноначалствуваше ...
Во присуство на голем број јавни личности, меѓу нив претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, претседателот на Владата на РМ, Христијан Мицкоски, градонача...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.