Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид се спроведува во согласност со препораките на УНЕСКО и се врши според јасна динамика и план, а манипулација е тврдењето дека сите нелегално изградени објекти треба да бидат урнати до февруари, изјави денес во Охрид, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Во однос на општина Струга, Сугарески изјави дека се чека регистарот на дивоградби.
- Градежните инспектори ќе го кажат крајниот збор за дивоградбите во Струга, каде не е почнато уривање. Има одредени тврдења дека таму нема дивоградби, меѓутоа има градежни инспектори и на локално и на државно ниво кои тоа треба да го утврдат. Не може со паушални изјави да кажеме колку, туку да се направи регистар на дивоградби и врз основа на него да се постапува, на начин како што тоа се прави во Охрид, рече министерот за транспорт и врски.
OhridNews












