Jazz Inn

Од 07.08.2023 - 20:00 до 07.08.2023 - 21:30

Во рамки на летниот маратон на комедијата, во понеделник, 7 август, во култниот охридски клуб „Jazz Inn“, на програмата е шоуто „Евтини секс приказни“ со Стрезо Стаматовски и Никола Тодоровски.

Одново ќе ги читаме, итерпретираме и коментираме пишаните секс фантазии и „реални секс случки“ од разни форуми, портали и пишани романи во орална форма. Ги раскажуваме нашите секс авантури и секс искуства БЕЗ ЦЕНЗУРА, БЕЗ ИСАФ, БЕЗ КОЧНИЦИ, БЕЗ УСУЛ, БЕЗ ДИКАТ. Неверојатна вечер на ултра интензивна комедија. Шоу од кое ќе ве болат стомачните. – порачуваат извонредните актери Стрезо и Никола.

Шоуто почнува во 20 часот и не се препорачува на лица под 16 години! Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен.

OhridNews