REBEL OHRID

Од 30.07.2023 - 21:00 до 30.07.2023 - 22:30

Во рамки на „Summer Comedy Marathon“, вечерва во клубот „Rebel“ во Охрид, ќе настапат познатите актери Атанас и Тино со нивната „Трансакциона aнализа “.

Неверојатна вечер на ултра интензивна комедија. Шоу од кое ќе ве болат стомачните, најавуваат организаторите.

Настанот во „Rebel“ почнува во 21 часот. Карти по цена од 300 ден. може да се купат онлајн на страната www.hahaha.mk.

Шоуто не се препорачува за лица под 16 години, а сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен, информираат организаторите.

OhridNews