На 28 август на старо пристаниште во Охрид ќе се одржи четвртото издание на СУП трките за деца, млади и возрасни. Веќе се пријавени над 70 учесници од 5 земји, а остануваат уште 2 дена за пријавување.
Во рамките на програмата се предвидени 9 трки во машка и женска категорија, меѓу кои детски и младински спринтови, тимска штафета, како и градската трка на 2.500 метри за возрасни, за која е обезбеден награден фонд од 12.000 денари за првите места од Crown Boat, информираат организаторите, СУП Клуб Охрид.

Сите учесници ќе добијат стартен пакет и право на учество во наградната лотарија обезбедена од Спорт Актив и СУП Клуб Охрид. Пријавувањето е задолжително најдоцна до 20 август преку линкот: http://bit.ly/4ol0X5z, потенцираат.

OhridNews














