Екипите на Канзас Сити и Сан Франциско ќе ги одмерат силите во големото финале на Американската фудбалска лига НФЛ, популарно како Супер боул.

Канзас во синоќешниот полуфинален дуел славеше над Тенеси со 35-24, додека Сан Франциско подобар беше од Грин Беј со 37-20 за пласман во финалето.

Супер боул натпреварот кој е еден од најгледаните спортски настани во САД ќе се одигра на 3 февруари. Домаќин на финалниот натпревар е градот Мајами.

OhridNews