По повод Денот на планетата Земја, во сабота, 22 април, СУП клуб Охрид организира еколошка акција. „СУПер чистка“ ќе се одвива на плажите околу Канео и места кои се достапни само по воден пат, велат од клубот.

Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси. Секој кој сака да чисти и по вода добива бесплатна опрема и обука за управување со СУП. Опремата за чистење ќе биде обезбедена од нас, се што треба е да понесете убава енергија и желба за чистење, потенцираат од СУП клуб Охрид.

Додаваат дека акцијата ќе започне во 11 часот на плажата Канео.

OhridNews