Ждрепката во 1/2 финалето од Купот на Македонија на мегдан ги однесе двете најквалитетни екипи во нашиот фудбал, Вардар и Шкендија, додека другата двојка ја сочинуваат Пелистер – Брегалница.


Скопските и тетовски „црвено црни“ ќе водат битка за пласман во финалето, што ќе му овозможи на една од екипите борба за трофеј.

Фудбалерите на Пелистер, можат да бидат задоволни од ждрепката, бидејќи го добија посакуваниот противник. Брегалница, сезонава не е на потребното ниво и тоа е шанса за битолчани за пласман во ново финале.

Првите натпревари се играат 1 март додека реваншите на 19 април следната година.

OhridNews