Супер дербито на „Паркот на Принцовите“ помеѓу Париз Сент Жермен и Реал Мадрид ќе означи официјален почеток на новата сезона во Лигата на Шампиони. Вчера, ждрепката донесе неколку интересни пресметки, но оваа најмногу се издвојува.

Во извлекувањето место имаше и за Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб. „Црвено белите“ стартуваат против Баерн Минхен во Германија а првиот меч на домашен терен ќе го играат против Олимпијакос во втората рунда. Хрватскиот шампион ќе започне со Аталанта пред своите гледачи.

Возбудувањата во групи во ЛШ стартуваат на 17/18 септември а завршуваат 10/12 декември. Финалето оваа сезона се игра на Олимпискиот стадион во Истанбул.

OhridNews

 

ЛШ: Динамо Загреб против англискиот првак, атрактивна група за Црвена Ѕвезда