Повеќе автомобили беа изложени вчера на просторот пред хотелот „ Нова Ривиера“ во Охрид, како најава за 3-то издание на „Night Car Show“ што го организира „Urban Street Car Club Ohrid“.
Тие го привлекоа вниманието на бројни минувачи кои со интерес ги разгледуваа одлично средените модифицирани автомобилии, разговараа со нивните сопственици, а најљубопитни секако беа најмладите.
Мини изложба на автомобили на истата локација ќе има и денеска, 6 август, во периодот од 16:00 до 01:00 часот.
Главниот настан – „Night Car Show 2025“, ќе се одржи на 9-ти август на просторот на некогашната касарна во Охрид од 19:00 до 01:00 часот.
Освен изложба на автомобили, предвидена е и богата забавна програма.
Г.М.
Фото: А. Момироска