Дербито на векот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во финалето во најквалитетното клупско натпреварување во Јужна Америка ќе се одигра вечерва со почеток во 21 часот, а не синоќа како што беше планирано.

„Супер дербито“, прво беше поместено за еден час, потоа за два часа за на крајот челниците на КОНМЕБОЛ да одлучат да го одложат. Причината воопшто не е фудбалска, бидејќи клупскиот автобус на Бока Јуниорс беше нападнат со тврди предмети од навивачите на Ривер Плата, а неколку играчи добија расекотини на лицата и телата.

Бока Јуниорс од самиот старт одбиваше да игра, а клубот беше притискан од сите страни. Сепак, разумот победи, дербито беше одложено, а сигурно, жешката атмосфера која ги помина границите ќе биде намалена и во прв план ќе избие фудбалот.

Првиот меч одигран на стадионот од Бока заврши 2-2. Правилото гол во гости не важи во финалето на Копа Либертадорес и мора да победник на мечот кој ќе го даде новиот шампион.

OhridNews

Навивачите на Ривер Плата го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс