Екипата на Пелистер со новиот тренер Ристо Костадиновски ќе допатува во Охрид на мегдан со домашниот состав во 11-то коло од ракометната Супер лига.

Иако Костадиновски го предводеше Пелистер на мечот со Тинекс Пролет официјално деби ќе има в сабота против Охрид во „Билјанини Извори“.
По десет одиграни натпревари битолските ракометари се наоѓаат на третата позиција, а новите луѓе во клубот најавуваат будење на македонскиот ракометен гигант.
Мх.П.










