Ракометниот клуб Охрид имаше успешна премиера пред публиката во СРЦ „Билјанини Извори“, откако со 28-24 (15-11) го совлада скопски Бутел во втората рунда од Супер лигата. Со триумфот над новајлијата во елитното друштво „гладијаторите“ го скршија мразот и ги запишаа првите бодови.

Добриот почеток на мечот на охриѓани им донесе предност од 3-1, а после десет минути игра и 5-2. Гостите за нецели три минути со три погодоци во серија ја надополнија негативата и го израмнаа резултатот. Таквата серија им даде крилија и и на средината од првото полувреме стигнаа до водство 7-6 и 8-7.

Негативата ги „отрезна“ охриѓани, кои, со серија од 3-0 го презедоа водството (10-8). Бутел се консолидираше и намали на 11-10, но домаќините во финишот додадоа гас и со гол серија 4-1 обезбедија +4 на семафорот (15-11).

На стартот од второто полувреме ракометарина Охрид стигнаа до највисоката предноста од пет голови (18-13). Бутел и покрај негативата не се предаде и успеа да ја симне на три погодоци, а во еден момент имаше и напад кој не го реализираше.

Охриѓани ја казнија грешката повторно ја кренаа разликата на пет погодоци (23-18) и мечот го спроведоа во мирна завршница за прва победа во Супер лигата.

Во следната трета рунда Охрид гостува кај составот на Борец.

РК Охрид: Браунови (11 одбрани), Јовановски, К. Андоновски 2, Ивановски, Блажески 4, Костов, Димитриески 1, Соколов 1, Д. Андоноски, Тасески 2, Ристески 1, Георгиевски 8, Симоноски 1, Димитријески 2, Петровиќ, Везенковски 6.

РК Бутел: О. Трајковски, Панченко 4 (одбрани), Блажески (5 одбрани), Лазароски 2, М. Трајковски, Андовски, Младеновски 2, Стојановски, Георгиевски, Димовски 2, Мојсоски 5, Николов, Зегарац 2, Печенковски 6, Василевски 2, Мајиќ 3.

Мх.П.