Екипите на Еурофарм Работник и Струга го предводат орото на табелата после три одиграни натпревари во македонската ракометна елита.
Третата победа во серија „фармацевтите“ ја забележаа на гостувањето кај Пролет (26-22), додека стружани нови три бодови прокнижија во Радовиш совладувајќи ја истоимената екипа со 32-35.
Триумф во третата рунда извојуваа уште Охрид кој славеше на гостувањето кај Борец (41-26), Бутел кој го совлада Пелистер 29-26 и Вардар Јуниор кој со минимални 29-28 беше подобар од Прилеп.
Резултати: Бутел Скопје – Пелистер 29-26, Радовиш – Струга 32-35, Пролет – Еурофарм Работник 22-26, Борец – Охрид 26-41, Вардар Јуниор – Прилеп 29-28
Табела: Еурофарм Работник 9, Струга 9, Охрид 6, Бутел 6, Вардар Јуниор 6, Пролет 3, Пелистер 3, Прилеп 3, Радовиш 0, Борец 0.
Двојки 4.коло: Еурофарм Работник – Струга, Пелистер – Борец, Прилеп – Радовиш, Пролет – Бутел Скопје, Охрид – Вардар Јуниор.
OhridNews