Ракометарите на Еурофарм Работник се одлепија на врвот од табелата, откако во 4-та рунда со убедливи 34-16 ја совладаа екипата на Струга во дуелот на непоразените во Супер лигата.

Стружани одличен отпор им пружија на „фармацевтите“ во првиот дел кој заврши 15-12. Во второто полувреме домаќините уфрлија брзина погоре и ја растурија струшката екипа победувајќи ја со високи 34-16.

Ракометниот клуб Охрид на домашен терен славеше против Вардар Јуниор (30-21) и со третата победа во серија се проби кон водечките екипи на табелата во македонската ракометна елита.

Резултати: Охрид – Вардар Јуниор 30-21, Пролет – Бутел Скопје 20-22, Прилеп – Радовиш 25-33, Пелистер – Борец 36-23, Еурофарм Работник – Струга 34-16

Табела: Еурофарм Работник 12, Охрид 9, Бутел Скопје 9, Струга 9, Пелистер 6, Вардар Јуниор 6, Пролет 3, Радовиш 3, Прилеп 3, Борец 0.

Двојки 4.коло: Радовиш – Охрид, Бутел Скопје – Еурофарм Работник, Вардар Јуниор – Пелистер, Струга – Прилеп, Борец – Пролет

OhridNews