Охридските ракометари со победата над Работнички во петтата рунда од плејофот ги освоија првите бодови и се одлепија од дното на табелата.


Пулените на Горан Андоновски со организирана игра во одбрана и ефикасна во напад ставија точка на серијата од четири порази во плејофот.

Победата, добро ќе делува на екипата пред финалните мечеви во Купот на Македонија и плејофот во Супер лигата.

Резултати: Металург – Макс Струмица 35-14, Охрид – Работнички 30-24, Вардар – Прилеп 49-24

Табела: Вардар 15, Металург 12, Макс Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 3, Работнички 0.

Следно коло: Вардар – Охрид, Металург – Прилеп, Работнички – Макс Струмица.

OhridNews