Ракометниот клуб Охрид сезонава за прв пат во својата историја ќе учествува во мечевите кои ќе го одлучат шампионот на Македонија.


Охриѓани пласман во плејоф натпреварите обезбедија завршувајќи на втората позиција на табелата во регуларниот дел од Супер лигата.

„Гладијаторите“ на стартот ќе имаат огнено крштевање откако за противник го добија тимот на Вардар.

Распоред

1.коло (16/17 април): Макс Струмица – Работнички, Охрид – Вардар, Прилеп – Металург

2.коло (20/21 април): Металург – Охрид, Работнички – Вардар, Макс Струмица – Прилеп

3.коло (27/28 април): Охрид – Макс Струмица, Прилеп – Работнички, Вардар – Металург

4.коло (30 април/1 мај): Прилеп – Охрид, Макс Струмица – Вардар, Работнички – Металург

5.коло (7/8мај): Охрид – Работнички, Вардар – Прилеп, Металург – Макс Струмица

6.коло (11/12 мај): Работнички – Макс Струмица, Вардар – Охрид, Металург – Прилеп

7.коло (21/22 мај): Охрид – Металург, Вардар – Работнички, Прилеп – Макс Струмица

8.коло (25/26 мај): Макс Струмица – Охрид, Работнички – Прилеп, Металург – Вардар

9.коло (28/29 мај): Охрид – Прилеп, Вардар – Макс Струмица, Металург – Работнички

10.коло (4/5 јуни): Работнички – Охрид, Прилеп – Вардар, Макс Струмица – Металург.

Пеколен почеток на „гладијаторите“ во плејофот од Супер лигата !

OhridNews