Кошаркарите на Куманово направија голем исчекор кон пласманот во плејофот, откако во дербито со Гостивар за четвртата позиција на табелата славеа со 77-71.
Кумановчани со триумфот стигнаа до скор од 17 победи и 10 порази, додека гостиварчани имаат 15 победи и 12 порази и без право на грешка во втората фаза од Супер лигата.
Избраниците на Александар Петровиќ ја добија првата и четврта четвртина, додека во втората резултатот беше егал. Гостиварчани единствено беа подобри во третата, но тоа беше премалку за поволен резултат во Куманово.
Во „еден два“ дербито Работнички на гостински терен ја победи Блокотехна со 93-86 и уште еднаш ја потврди класата во оваа сезона во Супер лигата.
Во петтата рунда славеше и МЗТ Скопје, кој со тесни 89-80 го совлада АВ Охрид во „Билјанини Извори“.
Фото: Архива
OhridNews