Ракометарите на Охрид не ја изгубија водечката позиција на табелата иако претрпеа пораз од Еурофарм Работник во дербито (21-20).


Охриѓани кои прв пат сезонава останаа без бодови во „Билјанини Извори“ се уште се лидери во елитата со три бодови повеќе од Еурофарм Работник и Пелистер кој има натпревар помалку.

Раните за поразот во дербито избраниците на Горан Андоновски ќе ги лечат во Велес против составот на Борец во 12-та рунда од Супер лигата.

Резултати: Работнички – Борец 19-36, Радовиш – Металург 2 26-22, Пролет – Вардар Јуниор 29-26, Прилеп – Пелистер одложена, Охрид – Еурофарм Работник 20-21.

Табела: Охрид 25, Еурофарм Работник 22, Пелистер 22 (-1), Пролет 19, Прилеп 16 (-2), Радовиш 16, Борец 14, Металург 2 14 (-1), Вардар Јуниор 5, Работнички 0.

OhridNews