Табелата во најквалитетната ракометна лига во Македонија во името на Охрид има нов предводник. „Гладијаторите“ на врвот се „искачија“ со победата над Пелистер во дербито (28-24) во „Билјанини Извори“.


Охридските ракометари со триумфот и математички го обезбедија учеството во плејофот во кој ќе се натпреваруваат втора година по ред.

Покрај ракометниот клуб Охрид пласман во плејофот обезбеди Пелистер, а на добар пат е и Еурофарм Работник. Жестока битка ќе се бие меѓу Борец, Прилеп и Радовиш за четвртата позиција која исто така води во плејофот.

Резултати: Борец – Вардар Јуниор 38-25, Работнички – Прилеп 29-38, Радовиш – Пролет 21-19, Металург 2 – Еурофарм Работник 24-33, Охрид – Пелистер 28-24

Табела: Охрид 34, Пелистер 34, Еурофарм Работник 31, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.

Двојки 16.коло: Еурофарм Работник – Радовиш, Пролет – Работнички, Пелистер – Борец, Вардар Јуниор – Металург, Прилеп – Охрид.

OhridNews