Во последната рунда од регуларниот дел во Супер лигата, ракометарите на Охрид во меч без резултатско значење ќе се сретнат со Металург Јуниор.

Покрај втората екипа на Металург во разигрувањето патуваат Тинекс Пролет, Пелистер и лидерот на табелата Зомимак, а ќе му се приклучат Вардар и Металург.
Шест екипи во кои е и Охрид ќе се борат да ги избегнат последните две места од кој едното води еден ранг подолу, а другото бараж натпревар за опстанок.
Мх.П.











