Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово. Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15.

Охрид го диктираше темпото во текот на целиот меч, постојано зголемувајќи го водството. Квалитетот беше на страна на гостите кои рутински стигнаа до нови бодови во првенството.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Ѓикиќ со 6, односно Ќосевски со 5 гола.

Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ (8 одбрани), Блажески (4 одбрани), Борозан 1, Стрмљан 1, Ојлески 3, Јагуриновски 3, Иванковиќ 2, Кукуловски, Ристески 2, Тасески, Реј, Саврески 3, Петриќ 1, Ѓукиќ 6, Ќосевски 5, Прибетиќ 3.

Охрид сега се врти кон обврските од ЕХФ Европскиот куп и првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага кој ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ на 14 февруари, сабота со почеток во 18 часот.

Г.М.