ГРК Охрид го совлада РК Тинекс Пролет во натпреварот од 22 коло од Супер лигата кој се одигра вечерва во салата „Македонско сонце“ со 23:39 (полувреме 9:16).
Најефикасни во редовите на Охрид беа Савревски со 10 погодоци и Бојан Блажески со 13 одбрани.
Статистика ГРК Охрид: Борозан 3, Стрмљан 4, Ојлески 2, Јагуриноски, Иванковиќ 3, Кукуловски 3, Тасески 3, Реј 1, Савревски 10, Петриќ, Ѓукиќ, Ќосевски 5, Прибетиќ 5, Блажески (13 одбрани), Пилиповиќ.
Ракометарите на Охрид викендов се среќаваат со Бутел во Скопје, во рамки на првото коло од плеј-офот од Супер лигата.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска











































