Екипата на Пелистер со триумф над младиот состав на Работнички 32-21 (15-14) ја заокружи петтата рунда во Супер лигата.


Гостинските ракометари во вториот дел го скршија отпорот на домаќините кои одлично парираа цели триесет минути.

Со убедливата победа битолските „зелено бели“ го запоседнаа врвот и го симнаа Охрид од лидерската позиција кој има ист број на бодови како и Пелистер.

Токму овие две екипи в сабота во Битола (18 часот) ќе ги одмерат силите во дербито во рамките од шестата рунда во Супер лигата.

Фото: 24ракомет.мк
OhridNews