Ракометарите на Охрид во 7 коло од плеј-офот, вечерва загубија во Битола од Еурофарм Пелистер 34:30, полувреме 17:14.

Ослабениот Охрид во чии редови недостауваат важни играчи кои се носители на играта на екипата, пружи достоен отпор на теренот на актуелниот шампион. Пелистер имаше контрола врз играта и резултатот и заслужено ги освои бодовите со кои останува во трката за одбрана на титулата.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Јукиќ со 7 гола, по два помалку постигнаа Пешиќ и Кукуловски.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 3, Андоновски, Мацуока 5, Јукиќ 7, Костов 1, Ристески, Тасески 1, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 5, Кукуловски 5, Бојаниќ, Винисиус, Цирар 3, Ѓорѓески.

Во следното коло Охрид го пречекува Вардар.

Г.М.