Дерби натпреварот од 8 коло од плеј-офот се игра вечерва во салата „Билјанини извори“ каде ГРК Охрид ќе го пречека Вардар. Натпреварот почнува во 18:30 часот.

На три кола до крајот на првенството Вардар е лидер со 15 бода колку што има и Пелистер, но скопјани се во предност поради триумфот во плеј-офот во Битола. Охрид е четврти со 5 бода, колку што има и Тиквеш.

Г.М.