Ракометарите на Охрид загубија од Вардар во 8 коло од плеј-офот 21:25, полувреме 12:11. „Гладијаторите“ во чии редови недостигаат стандардни првотимци, пружија силен оптор на Вардар кој сепак во второто полувреме успеа да стигне до важна победа во салата „Билјанини извори“ со која ја продолжува борбата за титулата.

Вардар добро отвори и го контролираше почетното водство. Чаневски влезе во серија одбрани благодарение на кои Охрид го презеде водството и со минимална предност замина на одмор.

Во вториот дел Вардар брзо се врати во игра. Охрид резултатски беше блиску се до финишот кога Гогов со неколку интервенции им овозможи на гостите да се одлепат и мирно да го завршат мечот во своја корист.

 

Најефикасни кај Охрид беа Мацуока со 5 и Кукуловски со 4 гола. На спротивната страна Вуко Борозан постигна 5 гола.

Стастистика ГРК Охрид: Чаневски 1, Ојлески, Андоновски, Мацуока 5, Јукиќ 2, Костов 3, Ристески, Тасески, Кукоски, Крстевски 2, Пешиќ, Кукуловски 4, Бојаниќ 1, Винисиус 1, Цирар 2, Ѓорѓески.

Статистика РК Вардар: Јагуриновски 4, Аларов, Стојановски, Ѓорѓиевски 3, Родригез 4, Переира, Танкоски 3, Коои, Лазаревски 3, Хориха 1, Срдановиќ, Николиќ 1, Петриќ 1, Ќосевски, Борозан 5, Гогов.

Охрид повторно пружи силен отпор, но Вардар ги однесе бодовите од „Билјанини извори“

Наредниот викенд Охрид е домаќин на Купот на Македонија кој ќе се игра во салата „Билјанини извори“ на 31 мај и 1 јуни.

Г.М.
Фото: А. Момироска