Амбицизниот суперлигаш Еурофарм Работник го претрпе првиот пораз сезонава на гостувањето во Скопје кај Пролет, кој славеше со 26-24 во една од поинтересните пресметки во петтата рунда од ракометниот шампионат.
Поразот од „пролетерите“ ги дестабилизираше „фармацевтите“ кои веројатно ќе продолжат со нов тренер, откако Андон Бошкоски се збогувал со ракометарите после неуспехот во соблекувалната, пренесува „24ракомет“.
Информациите се уште не се потврдени или пак отфрлени од клубот кој ќе мора брзо да реагира ако ја прифати оставката на Бошкоски, бидејќи сите екипи веќе се насочуваат кон следниот предизвик во Супер лигата.
Ракометниот клуб Охрид кој учествуваше во квалификациите за пласман во Купот на ЕХФ беше слободен, инаку ќе требаше да игра со Металург 2 во гости.
Резултати: Пролет – Еурофарм Работник 26-24, Прилеп – Пелистер 23-26, Борец – Вардар Јуниор 37-33, Металург 2 – Охрид одложена.
Табела: Пелистер 12, Еурофарм Работник 7 (-1), Охрид 7 (-2), Борец 7 (-1), Пролет 7, Радовиш 6 (-1), Прилеп 3 (-1), Металург 2 3 (-1), Вардар Јуниор 3.
Двојки 6.коло: Охрид – Пролет, Вардар Јуниор – Прилеп, Еурофарм Работник – Борец, Радовиш – Металург 2, Пелистер слободен.
OhridNews