Вардар го совлада Охрид 33:31 во дерби натпреварот од 3 коло од Супер лигата. Вечерва во Скопје „Гладијаторите“ бодрени од верните „Рибари“ одиграа неизвесен натпревар во кој на крај победа славеше домаќинот.

На почетокот од мечот видовме израмнета игра во која екипите се менуваа во водство. Вардар успеа да направи два разлика, а потоа и да ја зголеми предноста на 3, па на +4. Но Охрид не дозволи противникот  да се одлепи, па до полувреме предноста на домаќинот беше преполовена – 17:15.

Во второто полувреме речиси иста слика на теренот. Вардар го чуваше водството, се до финишот. Охрид успеа да израмни, но домаќинот брзо ја врати предноста. Голманите на Охрид немаа своја вечер, а нападот промаши премногу зицери што Вардар знаеше да го казни и стигна до важна победа 33:31.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Ѓукиќ со 9 голови, Вејин постигна 5.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Стрмљан, Ојлески 4, Лијапис 3, Иванковиќ 2, Кукуловски, Вејин 5, Ристески, Тасески 2, Моралес, Саврески, Јотиќ 4, Блажески, Петриќ 2, Ѓукиќ 9, Ѓорѓевски.

Фото галерија:

Прв пораз на Охрид во новата сезона, дербито во Скопје за Вардар

Г. Момироски