Ракометниот клуб Охрид со триумфот над Борец во Велес (33-27) во седмата рунда од шампионатот се одлепи на третата позиција на табелата пред битолските екипи Еурофарм Работник кој се наоѓаaт на четвртата позиција со три бодови помалку и Пелистер кој заостанува шест поени.

Охриѓани добрите игри и одличните резултати сезонава ќе ги крунисаат со настап во Европа, без разлика со каков исход ќе завршат преостанатите три мечеви со Металург и Пелистер дома и Вардар во гости.

Во најлош случај „гладијаторите“ ќе завршат на четвртата позиција и ќе учествуваат во Челенџ, а во најдобар во ЕХФ Купот.

Минатата сезона иако охридскиот ракометен клуб заврши на петтата позиција во плејофот ја одби поканата од РФМ за настап во Челенџ купот, па подоцна Пелистер учествуваше и успеа да мине една фаза.

Резултати: Металург – Пелистер 31-25, Борец – Охрид 27-33, Вардар – Еурофарм Работник 37-19.

Табела: Вардар 18, Металург 18, Охрид 12, Еурофарм Работник 9, Пелистер 3, Борец 0.

OhridNews