Ракометарите на Охрид го продолжија победничкиот низ во Супер лигата. Вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид како условен гостин ја совлада Струга во езерската пресметка 23:29 (8:18) и го задржа чекорот со водечките на табелата.

Крсманчиќ расположен во езерската пресметка. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Охрид кој на мечот настапи без повеќемина стандардни првотимци, имаше водство од почеток до крај на мечот. Струга и покрај желбата не можеше да парира на домаќинот.

„Рибари“ секогаш 8-ми играч на Охрид. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Најефикасни во редовите на Охрид беа Ристески и Петриќ со по 5 гола.

Ристески мечот го заврши со 5 гола. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Статистика ГРК Охрид: Блажески, Ѓорѓески, Стрмљан, Јагуриноски, Кукуловски, Крсманчиќ 4, Шипинкоски 2, Трајчески 1, Ристески 5, Тасески 3, Реј, Савревски 4, Лиапис 3,Бојаниќ 2, Петриќ 5, Пилипивиќ.

Фото галерија:

Рутинска победа на Охрид во езерската пресметка

Со победата во езерската пресметка Охрид  ја потврди добрата форма пред реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Слога Добој што ќе се одигра во сабота во Босна и Херцеговина каде охриѓани ќе патуваат со предност од 18 гола.

Г.М.
Фото: А. Момироска