Кумановските кошаркари брзо го преболеа поразот од АВ Охрид и со минимален триумф 83-82 го совладаа Работнички во третата рунда од Супер лигата.
Со победата пред своите гледачи тимот на Куманово стави точка на серијата победи на Работнички која траеше од почетокот на сезоната во Првата лига.
Во третата рунда од Супер лигата победи забележаа уште МЗТ Скопје совладувајќи го Гостивар 95-74 и Блокотехна која со 105-80 славеше во Охрид.
Резултати: МЗТ Скопје – Гостивар 94-75, АВ Охрид – Блокотехна 80-105, Куманово – Работнички 83-82.
Табела: Работнички 49, Блокотехна 44, МЗТ Скопје 44, Куманово 41, Гостивар 39, АВ Охрид 36.
OhridNews