На стартот од вториот дел од сезоната во Супер лигата, ракометарите на Охрид во салата „Билјанини извори“ во натпревар од 19 коло забележаа висока победа над Прилеп 28:17, полувреме 14:11.

Домашните диктираа темпо во текот на целиот меч и сосема заслужено забележаа висока победа.

Најефикасен во редовите на Охрид беше капитенот Ојлески со 9 гола, Пилиповиќ мечот го заврши со 12 одбрани и еден постигнат гол.

Статистика ГРК Охрид: Пилиповоќ 1 (12 одбрани), Блажески (2 одбрани), Борозан 2, Стрмљан 3, Ојлески 9, Јагуриноски 2, Иванковиќ 1, Кукуловски, Ристески, Тасески 1, Реј, Саврески 2, Лиапис 1, Петриќ 2, Ќосевски 2, Прибетиќ 2.

Во следното коло Охрид на 10 февруари му гостува на Куманово.

Г.М.
Фото: А. Момироска