Ракометарите на Вардар Јуниор запишаа нови три бодови на табелата во Супер лигата, совладувајќи го Радовиш во воведниот меч од 12-та рунда со 24-22 (9-13).
„Црвено црните“ до втората победа сезонава стигнаа со пресврт во вториот дел, откако по првите триесет минути имаа негатива од четири голови (13-9).
„Вардарци“ во 54-та минута го имаа првото водство на мечот кое со добра игра во одбрана успеаја да го задржат и слават победа.
Шестиот пораз на Радовиш кој настапи преполовен дополнително ќе им ги закопликува амбициите за пласман во плејофот.
Возбудувањата во 12-та рунда продолжуваат в сабота со мечевите Еурофарм – Прилеп, Металург 2 – Работнички, Борец – Охрид.
OhridNews