В сабота во 18 часот во Струмица во третата рунда од Супер лигата охридските ракометари ќе се сретнат со тимот Зомимак.

– На сите ни е јасно за каков противник се работи. Нема што да изгубиме, ние напорно тренираме и треба да покажаме се што знаеме против Зомимак. Атмосферата е супер, добро го отворивме шампионатот и одиме да се надигруваме во Струмица – рече Горан Андоновски стратегот на охриѓани.
По два одиграни натпревари „сините“ имаат четири бодови додека „рисовите“ со шест бодови ја делат првата позиција со втората екипа на Металург.
Мх.П.










