Селекцијата на Хрватска е вториот учесник во финалето на 21-от Мундијал кој се одржува во Русија. „Коцкастите“ во полуфиналето после 120 минути игра ја совладаа Англија (2-1), откако регуларниот дел не даде победник завршувајќи 1-1.

Херојот на хрватите во полуфиналниот дуел со англичаните беше Марио Манџукиќ кој за 2-1 погоди во 109-та минута. Избраниците на Златко Далиќ ја зачуваа предноста и закажаа дуел со Франција в недела во големото финале.

Натпреварот во Москва започна маестрално за англичаните, кои, преку Трипиер во 5-та поведоа со 1-0. Фудбалерот на Тотенхем прецизно биеше од слободен удар и го отвори резултатот. Англија до крајот на првиот дел имаше неколку прилики за погодок, но обидите на Кејн и Лингард не ја погодија мрежата на Субашиќ.

Хрватите на стартот од второто полувреме наметнаа силно темпо и ги потиснаа на своја половина англиските фудбалери. Иницијативата вреди со плод во 68-минута. Перишиќ им се прикраде на своите чувари и со еден допир ја смести топката зад грбот на Пикфорд за егал 1-1. Перишиќ, немаше среќа иначе и во регуларните 90-ет минута ќе го решеше победникот, откако неговиот удар после изедначувачкиот погодок место во стативата да завршеше во мрежата.

Дополнителните 30 минути не понудија допадлив фудбал, но го дадао вториот финалист. Одлуката падна во 109-та минута кога Манџукиќ ја искористи топката во празно и го матираше Пикфорд за водство и конечната победа.

Хрватска во финалето против Франција ќе има историска шанса, бидејќи никоја земја од Балканкот претходно се нема закитено со златен медал од Светско првенство во фудбал.

OhridNews