Италијанскиот напаѓач Марио Балотели го напушти Англискиот првак, Манчестер Сити и потпиша договор со Милан.

По конфликтот со менаџерот на “граѓаните“ Манчини, иднината на “супер Марио“ во Манчестер Сити беше неизвесна. Балотели во Италија се враќа по две сезони минати во Англија.

Балотели во Премиер лигата се пресели од градскиот ривал на Милан, Интер затоа трансферот на контроверзниот напаѓач ги наполни страните на спортските медиуми ширум светот.

“Росонерите“ дополнително ќе ги објават точните информации за трансферот на Балотели во своите редови.

Мх.П.