Италија и Шпанија ќе играат во финалето од Еворпскиот шампионат во Полска и Украина. Италија до финалето стигна откако со головите на Супер Марио Балотели со 2-1 ја совлада “неподбедливата“ Германија.


И покрај четирите победи во исто толку меча на континеталниот сами “Елфот“ не успеа да ја скрши традиција која вели дека Германија никогаш во елиминациските мечевие на ја победила Италија.

Традицијата ја продолжи Марио Балотели кој без многу респект одигра прво полувреме како од фудбалските учебници. На два пати реагираше велемајсторски прво во 20- та, а потоа и во 36 минута за предност која се покажа како недостижна.

И покрај опсадата германците изведоа дури 14 удари од аголот , гол постигнаа во судиското надополнување и тоа од пенал. Езил беше стрелец на почесниот гол за “панцирите“.

“Аѕурите“ до финалето ги однесе капитенот Буфон кој со своите интервенции ги излудуваше германските напаѓачи. Италијаните прашањето околу победникот можеa да го решат многу порано но ударите на Маркисио , Ди Натале и Дијаманти не ја погодија целта.

Финалето в недела ќе биде реприза од првиот меч меѓу овие две репрезентации кој заврши без победник 1-1.

М.П.