Супер пресметката меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед на “Вајт Харт Лејн“ стадионот ќе ја одбележи 23. рунда во Англиската Премиер лига.


Лидерот Манчестер Јунајтед нема пораз годинава, а на досегашните девет гостувања забележа седум ремија и две победи. Тотенхем во десетте рунди дома забележа шест победи, четири ремија и претпре само еден пораз и тоа од Виган со 1-0 на стартот на првенството. Интерсно најголемиот пораз сезонава Тотенхем го претпрел од Манчестер  Ј. со 2-0.


Доколку се појави на теренот против Тотенхем, тоа ќе биде 600 – от настап за легендарното крило на “бебињата“, Рајан Гигс, единствено Боби Чарлтон има повеќе од него на листата (606).


Уште еден натпревар кој привлекува внимание е градското дерби на Ливерпул. “Црвените“ на легендарниот КОП, со легендарниот тренер Кени Далглиш на клупата, ќе го пречекаат првиот крвник Евертон. Ситуацијата во црвениот табор од Ливерпул одамна  не е идилична, а смената на менџерската клупа не го даде посакуваниот ефект. Победа во дербито, можеби ќе донесе пресврт во клубот кој годинава ја игра најлошата сезона во Премиер лигата. Ливерпул е во негативна низа од три порази, додека “карамелите“ на Енфилд доаѓаат со позитивна серија од две победи.

Двојки :
Челси – Блекбурн, Мен Сити – Волвс, Стоук – Болтон, ВБА – Блекпул, Виган – Фулам, Вест Хем – Арсенал, Бирмингем – Астон Вила, Сандерленд – Њукасл, Ливерпул – Евертон, Тотенхем – Манчестер Ј.

Табела :  Манчестер Ј 44, Мен Сити 42, Арсенал 40,  Тотенхем 36,  . . .

М.П.