Старо-новиот германски шампион, Баерн Минхен на најдобар можен начин го скрши мразот во летниот преоден рок и во своите редови го доведе Лерој Сане.

Сане во Минхен ќе се пресели од Манчестер Сити, каде настапуваше минатите четири сезони. Офанзивниот фудбалер на „Етихад“ прерасна во голем играч и „баварците“ сакаа по секоја цена да го доведат. Сане со клубот од „Алијанц Арената“ потпиша петгодишен договор.

Сане кој е стандарден германски репрезентативец во минатот настапуваше за Шалке.

OhridNews