Супер ѕвездичките и Дарко Мијалкоски денеска на „Билјанини извори“
20.07.13 07:00
Најмладите денеска ќе имаат можност да уживаат во детската забава што ја организира ЈП „Билјанини извори“. На отворениот базен вечерва во 19.30 часот гостуваат Супер ѕзвездите и Дарко Мијалкоски, со што започнува најавениот проект на јавното претпријатие „Билјанини извори за децата“, во чии рамки ќе бидат одржани фестивали, ноќно кино, куклен театар и многу други друштвени игри за сите возрасни групи.
-Овој настан претставува продолжување на активностите на ЈП „Билјанини извори“ посветени на децата, а воедно тој е отворен и за сите граѓани и посетители во Охрид. Ние во наредните дваесетина дена ќе организираме повеќе настани за деца, а на 8-ми август во соработка со ПК „Охридски Бранови“ по подолго време ќе се одржи и пливачки митинг. Денешниот настан е почеток на сите тие активности. Ќе има многу музика, игра и смеење и ги покануваме сите дечињата и нивните родители да бидат дел од големата забава на базенот „Билјанини извори“ вечерва. -изјави в.д. директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иванчо Цветкоски.
Цената на билетот е симболични и изнесува 60 денари за целото семејство.
Со богата програма која почна вчера, во Охрид се одбележа Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни Во рамки на одбележувањето на плажата К’ј Дивоно се одржа дефиле на едрилици Фестивалот „Balkan Music S...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава Изразувајќи огромна благодарност за прие...
Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопато...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.