Натпреварот во Суперкупот на Европа, во кои традиционално играат победниците во Лигата на шампиони и Лига Европа, во следните три години нема да се игра во Монако.

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека следната година домаќин на овој натпревар ќе биде Прага, во 2014 година Суперкупот ќе се игра во Кардиф, а една година подоцна во грузиската престолнина Тбилиси.

Домаќин на натпреварот во Суперкупот на Европа од 1998 година беше Монако, во овој град во петок за првиот европски трофеј во сезоната ќе се борат Челзи и Атлетико Мадрид, екипи кои во минатата сезона победија во Лигата на шампиони односно Лига Европа