Ракометарите на Нант приредија мало изненадување во осминафиналните двобои од Лигата на Шампиони, елиминирајќи го полски Киелце, со вкупен резултат 58-56.

Пласманот во топ 8 не е изненадување, туку начинот на кој Нант успеа да го помине тимот на Киелце. Французите во првиот меч кој го одиграа на домашен терен изгубија со 25-24, а во вториот во Полска славеа со 34-31, што се покажа доволно за прогрес во 1/4 финалето.

Еден од најзаслужните ракометари за победата на Нант и пласман во топ 8 беше Кирил Лазаров. Капитенот и селекторот на македонската репрезентација рекордот според бројот на одиграни мечеви во ЛШ го круниса на најдобар можен начин, покажувајќи дека годините се само бројка. Лазаров постигна четири голови, но беше мотор на тимот, со својот квалитет и големото искуство. Поради новиот рекорд, ЕХФ, на својата официјална страница не штедеше зборови за македонската ракометна гордост, нарекувајќи го икона.

Лазаров рекордер е по бројот на одиграни сезони (20) и по бројката на постигнати погодоци. И продолжува…

OhridNews