Сушанто Рој, кој минатата недела со својот татко Субрата престојуваше во Охрид, доби македонско државјанство, информира Курир.

Како што изјавиле надлежните, неговото барање за добивање државјанство е прифатено согласно законот за државјанство,според кој секој странец може да стане државјанин без вообичаените процедури , ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес.